Avatar photo

IT.mk редакција

4.603 написи активност: 03/2008 - 09/2026

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Samsung Galaxy таблет како далечински управувач за сите домашни уреди

Samsung претстави демо од Home Watcher (домашниот чувар) софтверот за далечинска контрола на сите домашни уреди преку Galaxy Tab, таблет компјутер кој ќе биде објавен во ноември. Демово покажува неколку интересни опции. Пример, ја пренесува телевизијата на вашиот таблет, но уште поинтересно ви прикажува рецепти со состојките кои ги имате во фрижидерот во моментот. Дури и далечински да ја загреете печката за да биде спремна веднаш да готвите.

0 коментари Прочитај 27 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Читајте книги со проширената реалност

Марк Лукас направи интересен концепт користејќи ја веб камерата и проширената реалност за да ги најде и гледа 3D моделите сместени како код во печатена книга. Се уште немам сретнато таква книга која содржи 3Д модели, кои според Марк Лукас обично се наоѓаат во CD кое доаѓа заедно со книгата. Но, не ме ни изненадува денес разни прирачници и технички книги да имаат 3Д модели за подобро да прикажат слики. Па зошто да се искористат CD-а и да се пребарува правиот модел, кога може да се искористи веб камерата и проширената реалност.

0 коментари Прочитај 27 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Временската машина на YouTube

Алфа верзијата на YTTM (YouTube Time Machine) сервисот ве води назад во времето со разни видео клипови, од популарни видео игри, телевизии, реклами, спортски настани, музички видеа... Временската машина може да ве одведе дури во 1860 година прикажувајќи видео од првиот снимен звук.

1 коментар Прочитај 27 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Google Chrome OS ќе се појави до крајот на годинава

Ноутбуковите кои ќе работат на Chrome оперативниот систем ќе се појават до крај на годината и ќе бидат произведени од Samsung, Acer, Asus, Toshibа и HP, вели главниот дизајнер на Chrome ОС, Глен Марфи во интервју за Sydnеy Morning Herald.

4 коментари Прочитај 27 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Софтвер

Втора интернационална конференција за слободен софтвер во Приштина

Викендов од 25 и 26 септември се одржува втората интернационална конференција за слободен софтвер која ќе се одржи на косовскиот Факултет за електро и компјутерски инжинеринг.

1 коментар Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Започнува третиот е-саем за кариера

Третиот електронски саем за кариера ќе се одржи од 27.09 до 01 Октомври 2010 година. Сите студенти и заинтересирани посетители имаат можност можат да учествуваат во разговори во живо со преставници од македонските компании и симулации за интервјуа, со тоа нудејќи им можност да започнат да си ја градат кариерата.

0 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Македонска телевизија во HD во 2011?

Наредната година ќе ја гледаме Македонската радио-телевизија во HD (висока дефиниција), пишува Нова Македонија.

7 коментари Прочитај 24 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Aдминистраторите на Facebook фан страни ќе можат да банираат спамери

Најверојатно Facebook ќе додаде опција администраторите на фан страни да пријават спамери и да банираат корисници кои претеруваат во постовите на фан страната, пренесува AllFacebook. Ова е одлична новост за администраторите на фан страни кои ќе можат мирно да спијат без да мислат дали спамерите ќе ја натрупаат страната со куп непотребни постови.

1 коментар Прочитај 23 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

Ќе се либерализира .мк доменот

Од јануари 2011 година МАРНет ќе стане јавна установа преку која ќе се либерализира .мк доменот, и ќе се овозможи регистрирање на правни и на физички лица, најави МИО. За полесна регистрација, ќе се направи мрежа на компании ширум Македонија кои ќе го претставуваат МАРНет и ќе обезбедат полесна регистрација на .мк домените. „.мк доменот […]

23 коментари Прочитај 23 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Google New, едно место за сите нови нешта од Google

Google ја стартуваше Google New страницата која ќе функционира како централно место за сите 100 блогови на компанијата каде се објавуваат сите нови сервиси и продукти, како Google Instant, Goggles, AdWords, Orkut, Docs, Search...

0 коментари Прочитај 23 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

И главниот на Интерпол не е безбеден од кражба на идентитет на Facebook

Генералниот секретар на Интерпол, Роналд К. Нобл откри дека на Facebook биле направени лажни профили во негово име кои биле искористени за да направат некои измами и откријат доверливи информации од организацијата.

0 коментари Прочитај 22 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Сите апликации од Vip Android предизвикот

Vip конечно ја објави листата на сите апликации кои учествуваа на натпреварувањето. Покрај двете победнички Android апликации, третото место го поделија 78 апликации. Сите апликации се на македонски и се бесплатни, па доколку користите Android ќе ги најдете на Android пазарот. Симнете, тестирајте ги и пишете ни што мислите!

2 коментари Прочитај 21 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

На Flickr се објави 5 милијардитата фотографија

Сликатата погоре од Колеџот Вудвардс од Ванкувер е 5 милијардитата фотографија закачена на Flickr. „Јас сум г. 5 милијарди, и вие не можете да направите ништо околу тоа.“ вели корисникот Арон Јео кој ја закачи оваа сега славна фотографија која го означува забрзаниот раст на Flickr. Сервисот стигна до 4 милијарди лани во октомври, а пред тоа, до 2 милијарди фотографии стигна во ноември 2007 година. Flickr стартуваше во 2004 година.

0 коментари Прочитај 20 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Мобилни

Facebook тајно прави својa мобилна платформа?

Techcrunch објави дека друштвената мрежа прави свој софтвер за мобилни телефони. ИТ блогот се повикува на анонимни извори велејќи дека мрежата ќе го следи примерот на Apple, односно ќе направи свој софтвер, а некоја друг производител ќе го направи хардверскиот дел од телефонот.

1 коментар Прочитај 20 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

ПоправиМК и Spot Me се победници на Vip Android предизвикот

Android апликацијата ПоправиMK го освои првото место и 500.000 денари на Vip Android предизвикот. Spot me беше второ наградената апликација со 150.000 денари. Третото место го поделија 78 апликација кои добија по еден мобилен телефон HTC Tattoo. Листата на апликации ќе биде објавена наскоро на сајтот на Vip.

7 коментари Прочитај 19 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

4chan со DDoS напад го сруши MPAA.org и други анти-пиратски сајтови

Членови на озогласениот 4chan форум стартуваа DDoS напад врз сајтот на Американската асоцијација на филмски студија (MPAA). Пред mpaa.org, мета бил сајтот на индиската анти-пиратски компанија AiPlex Software кои претходно се заканија дека ќе го нападнат PirateBay и други торент сајтови со DDoS.

1 коментар Прочитај 18 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Се водат преговори за Google Music

Google преговара со музичката индустрија да и ги отстапат правата за музиката со што ќе може да стартува онлајн музичка продавница. Google планира да им наплаќа на корисници 25 долари годишно да им ги чува песните во „облакот“ до кои потоа ќе може да се пристапи од било кое место или уред со интернет конекција. Освен чувањето музика, тоа ќе биде и продавница за музика, пренесува Billboard.

3 коментари Прочитај 17 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Со хак до Street View Roulette ат

Студент од MIT, Џо МкМајкл, инспириран од случајноста на ChatRoulette, го направи Globe Genie, сервис кој ве шета на random места ширум планетава со слики од Google Street View.

0 коментари Прочитај 17 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.ЕУ

Започна пријавувањето за регионалниот Интернет фестивал – WebFest '10

Web Fest 2010, со темата “Се е на Web”, е првиот регионален интернет фестивал кој е посветен на изборот на најдобриот регионален web сајт или web проект, како и на промоцијата и унапредувањето на користењето на глобалната електронска мрежа на овие простори и ќе биде одржан од 16 септември до 18 ноември.

0 коментари Прочитај 16 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Тест на новите Intel Sandy Bridge

Intel ја објави Sandy Bridge архитектурата која го интегрира графичкиот и централниот процесор во еден чип, дизајнирана да го скрати времето на процесирање на сликата со што би го забрзала компјутерот.

0 коментари Прочитај 16 септември, 2010
Мени
Заедница
Изглед