0 коментари 2 мин. читање 22 септември, 2010

И главниот на Интерпол не е безбеден од кражба на идентитет на Facebook

Ова било откриено неодамна од Тимот за реакција на безбедносни инциденти на Интерпол, вели Г. Нобл кој го искористи својот пример да посочи на ранливоста на личните информации на интернет зборувајќи на безбедносната конференција на Интерпол што се одржа во Хонг Конг.

„Еден од лажните профили го користи профилот да собере информации за бегалци кои се таргетирана од нашата Операција Инфра Црвено.“ вели тој. „Сајбер криминалот станува се поконректна опасност. Земајќи ја анонимноста во обзир, може да биде еден од најопасните криминални закани со кои сме се сретнале.“

Покрај хакирањето во личен компјутер, г. Нобл ја посочи и опасноста на хакирање на електрична мрежа на цел град или една земја.

„Имаме среќа што до сега терористите не – барен не успешно или барем за тоа што знаеме – стартуваа сајбер напад.“

Г. Нобл не е првиот, ниту последната личност од безбедносна организација која си има проблем со интернет измамите. Минатата година директорот на FBI, Роберт Мулер изјави дека жена му му забранила да користи онлајн банкарство бидејќи за малку ќе наседнал на фишинг измама.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top