Македонска телевизија во HD во 2011?

во ИТ.МК

„Советот го поддржа предлогот на извршните органи на МРТ да купат најсовремена опрема, која истовремено ќе овозможи неограничен простор за емитување.“ вели Слободан Чашуле, член на Советотот за јавниот радиодифузен сервис.

Оваа промена од fail во pro телевизија не е по одлука на МТВ, туку е наметната од страна на глобалното исклучување на аналогниот сигнал кое ќе се случи во 2012 со што сите национални телевизии треба да се реформираат во дигитална телевизија, и со тоа ќе поддржуваат HD.

Транзицијатa на МТВ ќе треба да оди во три фази, пишува Бисерка Велковска-Блажева од Нова Македонија. МТВ ќе треба да се осамостои финансиски, политички и технолошки. И ниту едно од тие не ветува, бидејќи некој ќе мора да им даде пари за нова технологија. Но… За финансиското осамостојување веќе е поднесен предлог-закон според кој Управата за јавни приходи ќе ја врши наплатата на радиодифузната такса. Ќе се менува и Законот за радиодифузија, кој е копија на британскиот, и би требало да и понуди правна независност на МТВ. Третата фаза е купувањето нова опрема.

„Планот за инвестиции е прифатен и по 30 години Македонската радио-телевизија конечно ќе има можност да ја обнови старата опрема. Сé уште не знам колку ќе чини сето тоа, бидејќи не знам какви ќе бидат понудите што ќе ги добиеме на тендерот.“ вели еден од извршните директори на МТВ, Петар Каранаков.

Летово, за време на Светското фудбалско првенство, имаше МТВ во HD но тој сигнал беше емитуван преку други оператори, во овој случај T-Home.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@kiselinov
15 years ago

Сите телевизии до 2012 ќе се префрлат на HD така да ќе продолжам да ги следам тие мк канали кои досега сум ги следел, МТВ во поново време била #fail а со нивното моментално темпо така и ќе бидат дигитално.

Taurus
Taurus
15 years ago

Браво "Суперишка". :D

Шалата настрана, ама вистинското прашање е – Што ќе гледаме :x

@pipelinmkd
15 years ago

Ќе ми се оствари сонот Симбад во HD а на дедо ми Собранискиот :) Браво ние сме во тек со технологијата :P

trolololo
trolololo
15 years ago
Reply to  @pipelinmkd

Пфффффф

@PinkyTheGreat
15 years ago
Reply to  @pipelinmkd

На собраниски ќе можеме да гледаме што карти имаат ВМРО-овциве кога играат покер на фејсбук :)

Taurus
Taurus
15 years ago

Јеееее.
Наскоро Тропска Горештина и Беверли Хилс во HD ќе ги гледаме :D

El Che
El Che
15 years ago

Нека не беснеат, нека направат нешто паметно за себе и државата и да ја затворат еднаш засекогаш таа зграда што физички изгледа како да е BBC а реално не сработува четвртина работа од било која локална телевизија