0 коментари 1 мин. читање

Аугментирана реалност која препознава лице

{mosimage} The Astonishing Tribe (TAT), шведска компанија за мобилен софтвер, ја престави Recognizr апликацијата со дигитално-проширена реалност која препознава лица преку камерата на телефонот. Recognizr прави 3Д модел на лицето со помош на PolarRose, a потоа на тој модел се додаваат контакт информациите како на пример Facebook и Twitter профилот, YouTube каналот, имејлот и секако телефонскиот број.

Апликацијата наиде на критики поради приватност бидејќи Recognizr ги праќа сликите до сервер каде е складирана дата база кој вади информации од друштвените мрежи. Но, тоа што е добро е што корисникот може да одбере дали да се појави неговата слика во Recognizr, a пред се треба да бидете сликани за да се најдете на нечиј телефон.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top