{mosimage} 10 милијарди песни се симнати од iTunes, и продолжуваме да броиме, вели Apple прославувајќи го
достигнувањето на онлајн продавницата која заедно со
iPod и iPhone му донесе огромен успех на „јаболкото“.
iTunes Music Store продавницата се отвори во 2003 година и беше преставена како револуционерен начин на Mac корисниците да купуваат музика онлајн. Вo 2006 година iTunes го слави милијардитото симнување. А денес, само по 4 години, iTunes со околу 2.5 милиони песни ја надмина и бројката од 10 милијарди симнати песни.
Најчесто симнувана песна е „I Gotta Feeling" на Black Eyed Peas. Првото место и името на песната перфектно го симболизираат чувството на Apple да го сруши стариот модел на продавање комплетни албуми и да го престави моделот на купување поединечна песна за 99 центи во mp3 формат од онлајн продавница, при тоа освојуваќи го комплетно музичкиот пазар.
Среќникот кој го симнал 10 милијардита песна ќе биде награден со 10.000 долари вредна iTunes картичка.
Повеќе за iTunes можете да прочитата на Wikipedia.
{mosimage}






