{mosimage} Google само кратко – во 140 карактери – најави дека ќе вклучи Facebook постови oд фан страните во пребарувачот во реално време.
Според Facebook има околу 3 милиони активни страни на друштвената мрежа кои креаирале 5.3 милијарди фанови. Во постови ова значи многу резултати за Google да индексира и да ги објави збогатувајќи го пребарувањето во реално време. Но…во пребарувањето ќе бидат вклучени само постови од креаторот на фан страната, а земајќи во обзир дека фан страните се промотивен материјал од компании, популарни личности и други брендови… можеби единствената корист од нивното интегрирање во пребарувачот може да се извлече од фан страните на медиумите. Од друга страна Facebook постовите често не се поврзани со активности во реално време во правата смисла. Ако на Тwitter може да се објави дека некаде се случува земјотрес во самиот момент, на Facebook таа информација, посебно доколку е објавена на фан страна ќе дојде многу, многу подоцна.
Сепак ова се само претпоставки, бидејќи Google освен најавата во својот краток твитер пост не објаснува што и како планира со Facebook постовите. Тоа што е сигурно е што Google нема пристап до приватните профили, па тие нема да се индексираат, сега за сега. Моментално Bing, пребарувачот на Microsoft и конкурент на Google, е најблиску до соработка со Facebook за да објавува постови од приватни профили, но само тие што се споделуваат јавно, односно што се споделуваат со „everybody“ тагот.
Само за потсетување, пребарувањето во реално време е оној дел од Google пребарувачот во кој се објавуваат актуелни Twitter постови поврзани со пребаруваниот термин.






