Една од компаниите кои на CES 2014 презентираат паметни автомобили е германскиот производител Audi, кој ги тестира своите возила во градско возење на улиците на Берлин. Од своите искуства Audi ќе се обиде на своите корисници да им понуди нешто повеќе од конкурентите кога е во прашање вистински паметен автомобил кој може да го следи сообраќајот и истовремено да се грижи за безбедноста на возачот.
Тестовите се правено околу снаоѓање при возење во динамичка средини каде времетраењето на црвеното, односно зеленото светло на семафорот зависи од оптовареноста во сообраќајот. Паметното возило ќе ги добива информациите од семафорите и ќе сугерира брзина на возење со која возачот би успеал да вози по таканаречениот „зелен бран“ погодувајќи ги зелените светла без сопирање. Покрај ова автомобилот води грижа возачот да не заспие, па доколку неговите очи се затворени десетина секунди најпрво започнува со сигнализација и сирена, а доколку ова не е доволно возилото самостојно запира и веднаш ги повикува службите за итни случаи.
И покрај се понапредните автономни возила се чини дека законските легислативи подолго време нема да дозволат на улиците да возат автономни автомобили без возачки надзор. Производителите на автомобили сè уште тврдат дека возачот мора да има главен збор без разлика на софистицираноста на системот кој е интегриран во возилата, констатира Verge.
[youtube]UL_8M8ZLd7w[/youtube]







