Да заштити и инфицира: NSA има алатки да го следи секој ваш чекор

Доколку сè уште не сте убедени во опасноста која ја предизвикува шпионирањето на американската Агенција за национална безбедност (NSA), можеби презентацијата на безбедносниот експерт и новинар Џејкоб Апелбаум на хакерскиот Chaos Computer Congress во Хамбург ќе го промени вашето мислење. Станува збор за контрола, а ако NSA има 13 начини да ве следи ќе ги користат сите 13, вели г. Апелбаум. За среќа ова прислушкување не може да се изврши во целосна темнина, па како што покажува примерот на поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, кој ги обелодени сите проекти за шпионирање на агенцијата, корисниците кога-тогаш ќе дознаат за овие нелегални активности. Г. Апелбаум ја покажа својата презентација истовремено кога се објави и текстот на Der Spiegel во кој се објаснува дека NSA има тим со име TAO кој ги шпионира и обичните граѓани.

„Имаше кус период кога Интернет беше навистина слободен, немаше луѓе од војската кои ве набљудауваа, а сега сме сведоци дека секоја година бројот на луѓе кои се вработуваат за пробивање на нечиј компјутер како дел од некоја голема акција е во постојан пораст“, вели г. Апелбаум.

Turmoil е кодно име на NSA за апаратурата која опфаќа огромен број на пасивни сензори, а секој податок кој поминува низ нив е прегледан од агенцијата и нејзините аналитичари. Агенцијата за национална безбедност на ова не гледа како на надгледување, без разлика што компјутерите собираат и анализираат податоци од своите сензори, се додека документот не дојде до рацете на агент, кој ќе ги разгледа документите според NSA номенклатурата, не станува збор за надзор. Turbine е втор дел од системот со кој NSA може да изврши напади. Qfire е комбинација од двата системи и може да ги нападне дури и домашните рутери, испраќајќи пораки пред серверите со кои корисниците се обидуваат да се поврзат. Голем дел од производителите на опрема се под притисок на агенциите да ги задржат своите производи иако знаат дека имаат безбедносни пропусти. Овие пропусти остануваат достапни на NSA да ги користи за прислушување, тврди г. Апелбаум.

[youtube[vtQ7LNeC8Cs[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments