Над 3 милиони луѓе инвестираа во краудфандинг проекти на Kickstarter

во Веб, Свет

Паметниот часовник Pebble, сетот за виртуелна реалност Oculus Rift, Android конзолата Ouya, и играчката Goldieblox се само дел од проектите на кои милиони корисници им ја покажаа довербата преку краудфандинг платформата Kickstarter. Во 2013 година над 3 милиони луѓе ја укажаа довербата и доделија 480 милиони долари на проектите во кои веруваа. Тоа е 1.315.520 долари дневно или 913 долари секоја минута. Донаторите се од 214 држави од секој континент заклучно со Антарктикот. Парите беа искористени за успешно да се финансираат 19.911 проекти, каде 808.733 луѓе финансираа повеќе од еден проект, 81.090 над 10 проекти и 975 луѓе финансираа над 100 проекти.

“2013-та не потсети дека луѓето се неверојатни, нивните идеи возбудливи, и дека сме способни да создадеме извонредни работи. Благодариме за прекрасната година. 2014-та да биде уште подобра.“, вели Kickstarter.

Покрај овие проекти беа финансирани: изложба на фотографии на Берлинскиот ѕид, филмот Blue Ruin победи на Канскиот фестивал, Inocente доби Оскар, беа спасени независни театри, а испратен е и сателит во вселената. За останатите подвизи на Kickstarter во 2013, посетете го сајтот.

[youtube]IVYFF1mrvEg[/youtube]

[youtube]uzCwczY1jTM[/youtube]

[youtube]xh6Ji_6Wg9c[/youtube]

[youtube]y-AtZfNU3zw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk