Prisma e најверојатно најдобрата апликација за едитирање на фотографии, но сега има конкурент во Artisto. Оваа апликација е достапна за iOS или Android , и се користи за претворање на видеата во уметнички дела.
Има многу филтри кои може да ги одберете, дел се присутни и на Prismа, дел се уникатни на Artisto. Само притиснете копче и видеото е готово, подготвено за споделување на социјалните мрежи. Апликацијата е креирана од рускиот гигант Mail.ru кои велат дека „одлучивме да си поиграме со невронските мрежи, кои се сѐ попопуларни и да се обидеме да направиме апликација за едитирање на видео“. Засега апликацијата нема премногу филтри, но рендерира изненадувачки брзо.







