1 коментар 2 мин. читање 25 јули, 2016

Одличните филтри на Prisma се веќе достапни и на Android

Апликацијaта која ги едитира вашите досадни фотографии во уметнички дела е достапна и на Android. Prisma стартуваше пред една недела во бета и можеше да се користи по барање до развивачите, но сега им е достапна на сите преку Google Play. На Android апликацијата ќе биде достапна на сите уреди кои користат Android 4.1 и понов оперативен ситем, што е најголем дел од телефоните.

Можностите на Prisma надминуваат сѐ што досега сте виделе, а филтрите на најпопуларниот сервис за споделување на фотографии Instagram, не се ниту блиску до можностите на оваа апликација. Апликацијата ги користи невронските мрежи и вештачка интелигенција да ги промени сликите, а крајните резултати се импресивни.

Засега најавеното едитирање на видео содржина не е додадено, но би требало да биде достапно за една недела, јави Next Web. Филтрите кои се достапни на Android се исти како оние на iOS, а развивачите на апликацијата велат дека ќе додаваат нови филтри, на место на филтрите кои најмалку се користат.

13490593_1205265019497248_4165011509125431184_o

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top