0 коментари 1 мин. читање

Getty Images може да биде казнет 1 милијарда долари

Еден од најпознатите веб сајтови за споделување и продавање на фотографии, Getty Images, може да биде казнет 1 милијарда долари. Фотографката Керол. М Хајсмит обвинува дека сервисот ги продавал нејзините фотографии кои од 1988 години се јавно достапни.

„Споменатата содржина е дел од јавен домен повеќе години. Вообичаена практика е библиотеките да ги дистрибуираат овие содржини како јавен домен, и ова е важно да се забележи – дистрибуцијата и обезбедување на пристап до содржини од јавен домен е сосем различно од тврдење дека имате авторство врз нешто“, вели портпаролот на Getty Images.

Според г-ѓа. Хајсмит, Getty Images продава лиценци за илјадници нејзини слики на кој имаат залепено лажни печати. А сервисот воопшто и не објавува дека фотографиите се нејзини, јави Designtaxi.

Сега Getty Images е под обвиненија за 18.755 прекршоци, за кои треба да плати казна од 468.875.000 долари, но со oглед на тоа дека прекршоците траат три години, г-ѓа Хајсмит може да побара три пати повисока сума.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top