Апликацијата на хрватското МВР симната над 55.000 пати и се пријавени 20.800 казнени дела

Апликацијата на хрватската полиција, Policija – Sigurnost i povjerenje, е преземена 54.875 пати и преку неа досега се пријавени 20.867 казнени дела и прекршоци, јави Netokracija.

Ова може да биде добра идеја и за македонското МВР кое преку апликации може да побара помош од граѓаните. Но, до сега имаше неколку вакви обиди со краудсорсинг апликации преку кои граѓаните пријавуваа дупки и дефекти, пример Види, пријави и поправи беше една таква апликација; а имаше и други, но властите ги игнорираа. Постои и Facebook група како Ѕид на сообраќајниот срам каде граѓаните информираат за неправилности во сообраќајот, но до сега не знаеме за пример дека македонското МВР ги послушало граѓаните. Можеби хрватскиот пример ќе ги охрабри да ги користат „новите“ технологии.

Хрватската апликација е достапна за сите платформи: Android, iOS и Windows Phone, а зесега е достапна единствено во хрватските верзии на продавниците за апликации. Полицијата размислува да направи и веб-апликација која би била наменета за туристи, засега оригиналната верзија е достапна единствено на хрватски.

„Мобилната апликација се покажа како одлично средство за граѓаните за анонимно поднесување пријави и споделување на корисни информации. За жал, апликацијата не е достапна во странските продавници за апликации. Па се разгледува можности за споделување на оваа апликација со туристите во Хрватска, но пред ова мора да се процени дали е исплатливо да се преведe апликацијата“, велат од хрватското МВР.

hrvatskomvr

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments