{mosimage} Google често е критикуван од медиумите бидејќи им го извлекува профитот. Google функционирајќи како агрегатор на вести, ја привлекува публиката, а со тоа и рекламите. Но, не се критикува само Google. Целиот интернет и начинот на кој се информираме се критикува од страна на поголемите медиумски корпорации Ова е главно бидејќи онлајн содржината на весниците е бесплатна, а рекламите на сајтот не можат да ги покријат трошоците за произведување на тие вести.
Затоа планот е да се наплаќа за онлајн содржината. „„Новинарството не е ефтино. Планираме да наплаќаме за сите наши веб страни… Ако ние сме успешни, тогаш ќе не следат и останатите медиуми.“ најави неодамна медиумскиот могул Руперт Мурдок.
Google реши да го следи тој план. Newspaper Association of America кои побараа идеи од
интернет гигантот за наплаќање за содржината. Google достави документ со идеја за наплаѓање со претплата и микронаплати. (Документот можете да го видите подолу.)
„Отворено не значи бесплатно. Веруваме дека содржината на интернетот може да се подржи со неколку бизнис модели – вклучувајќи го и моделот на претплата“ пишува Google во документот, во кој се вели дека ќе се наплаќа „само ексклузивна содржина“ како истражувачко новинарство, ексклузивни видеа и интервјуа… а нема да се плаќа за содржина која е достапна од неколку извори.
Микронаплатите ќе се одвиваат преку Google Checkout системот, со што Google планира да овозможи брзо и ефикасно наплаќање на содржината без да ги малтретира корисниците. Едноставно, се логирате, си купувате и сето тоа ви се наплаќа на кредитната картичка. Налик на iTunes на Apple.
„Целата содржина треба да биде достапна со само еден клик при пребарувањето.“ вели Google.
Но иако планот на Google е интересен, експерите велат дека ова е изводливo, Google вели дека ќе го имплементира за една година, сепак останува проблемот со читателите. Дали сме спремни да плаќаме за онлајн содржина, која досега ја добивавме бесплатно?
„Ќе се двоумам да линкам до нешто што бара пари да се прочита. Google вели „отворено, не значи бесплатно“ но линк економијата тие две работи значат исто. Ако сакаш да наплатиш за содржина, слободно. Само не очекува таа да биде важен дел од разговорот што ние останатите го правиме“ коментира Феликс Салмон, блогер на Reuters.
Ова е интересна поента. Ако читателите постојано споделуваат добра и квалитетна содржина преку друштвените мрежи, преку своите блогови итн, а како што знаеме споделувањето е огромен дел од онлајн комуникацијата, прашањето е дали читателите ќе продолжат да го прават тоа со линкови до содржина која ќе бара да се плати? Ако не се споделува тоа значи помалку посети на страните која ја содржат информација. Помалку посети, значи и помалку реклами т.е профит.
Планот на Google се уште се изработува, па ќе видиме што ќе се случи. Тоа што е сигурно е дека содржината ќе се наплаќа.






