Facebook ги претстави „последниот актер“ и „бампирањето“

Како што најавивме, после 9 години, Facebook конечно ќе го менува алгоритмот за прикажување на вестите. На настанот што се одржа синоќа, Facebook гo претстави кревањето на старите објави и „последниот актер“, со што би требало да се овозможи најинтересните објави секогаш да бидат видени. Кревањето на старите објави или „bump-ирање“ ќе биде една од промените во алгоритмот на Facebook. Според ова, доколку сте биле одјавени и не сте виделе некоја објава која би можела да ве интересира (сето тоа одредено според некои критериуми), истата ќе се издигне на врвот на вашиот канал со вести. Со тоа, Facebook сака да се осигури дека ќе ги видите сите објави кои би ве интересирале.

Овој принцип на работа е тестиран на 80% од вработените, а има добиено само една забелешка. Според направениот тест, издигнувањето на старите написи резултирале со 5% повеќе лајкови, коментари и споделување, целата интеракција со страниците се зголемила за 8%, а објавата била видена од 70% од пријателите.

Со новиот алгоритам, Facebook ќе ја прати вашата интеракција со останатите пријатели и нивните објави ќе имаат предност пред сите останати. Таа функција е наречена „последен актер“ и ги следи последните 50 интеракции, при што одредува што ќе биде пласирано на каналот со вести, а што не.

Инаку, наскоро би требало да се појави уште една промена, а тоа е објавите на каналот да се прикажуваат во хронолошки редослед. Но, според програмерот на Facebook, Ларс Бекстром, со тоа би се намалилa интеракцијата, па затоа некој период ќе поработат на подобрување и прилагодување на таа функција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk