0 коментари 2 мин. читање 13 септември, 2012

Со новиот Apple App Store корисниците ќе треба да веруваат на сугестиите од Genius

Новиот оперативен систем iOS 6 на 19-ти септември ќе пристигне со пoдновена продавница за апликации на Apple. App Store како и досега ќе бидe заедничка за iPhone, iPad и iPod Touch, a најголемата новост е истакнување на Genius кој им сугерира на кориснициите кои апликации да ги симнат или купат.

Genius ги прави своите одлуки врз основа на претходни купувања, и според пософистициран алгоритам ги споредува избори со изборите на милиони други корисници. Во новата продавница за iOS 6, Genius доаѓа на место на прелистувањето по категории, па сега ако немате трпение да разгледате поголем дел од апликациите  во пребарувањето ќе мора да се потпрете на Genius.

Потегот на Apple е разбирлив бидејќи App Store има повеќе од 700.000 апликации. За жал постои можност послабо рангираните апликации ретко бидат разгледани од корисниците, иако можеби тоа нема да биде поради неквалитетот. Според првите анализи кој ги направи SearchMan, новите промени веќе зафатија некој од попознатите големи брендови, како на пример, Amazon и Ebay кои рипнаа повеќе од 240 места.

Во новиот пребарувач ќе помогне Chomp кои имаат искуство со пребарувања, но и поврзување на апликациите со информациите кои им се достапни на нив на друштвените мрежи.  Според најавата, во алгоритамот за пребарување значителна улога ќе имаат резултатите од новото „ми се допаѓа“ копче на Facebook кое сега e подлабоко интегрирано во iOS 6.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top