Android Wear е прекрасниот оперативен систем на Google наменет за паметните часовници, кој до сега беше тешко да го замислиме како ќе работи, бидејќи никогаш се немаме сретнато со паметен часовник. Иако ќе бидат сихронизирани меѓу себе, телефоните со своите џиновски екрани и моќен хардвер се нешто сосема различно од паметен часовник. Во ново видео во кое се прикажани Stacks, Pages и Replies функциналностите на Android Wear, Google вели дека постојат „основни, но клучни разлики“ помеѓу телефоните и часовниците, главно поради помалиот екран на часовниците на кој не можат да се редат апликациите. Затоа Android Wear се фокусира на минималистички дизајн на апликациите и „микро-интеракции“ кои се остваруваат со говор или брзи лизгања на прстите.
[youtube]Bl4Qne-RpcM[/youtube]







