Apple и Cochlear работат на имплант за лица со oштетен слух

0 коментари 1 мин. читање

Австралискиот производител на апаратчиња за слушање Cochlear и Apple соработуваат на заеднички уред.  Двете компании работат на имплант кој ќе може да се регулира директно со iPhone.

Ова не е прв уред на Cochlear кој може да се управува со телефонот, но досега за ова беше неопходна апликација. Со новата интеграција може да се управува директно од телефонот. Дополнително, сега на имплантот ќе може да стрима звук директно од телефонот.

Апаратчето за слушање е компатибилно со сите iOS уреди, iPhone, iPad или iPod. Можноста за директен стрим на звукот од телефон на слушалката ќе овозможи на пример, кога ѕвони телефонот, да ѕвони директно во слушалката. Истото важи за секој звук кој доаѓа од телефонот. Она што е можеби најважно, е дека технологијата може да се користи и за имплантите кои се поставени хуруршки.

Хардверот во целост е изработка на австралиската компанија, а Apple е креатор на протоколот за манипулирање со апаратчето. Компанијата истиот протокол им го понуди на сите производители, па очекуваме наскоро повеќе производители да дојдат со истата функционалност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед