И Велика Британија до 2040 година ќе ги повлече возилата на фосилни горива

во Вести

По Франција, и Велика Британија најавува дека ќе забрани продажба на возилата со внатрешно согорување до 2040 година.  На почетокот на месецот истото го најави и Франција.

Велика Британија ќе отвори и фонд од 255 милиони евра за преодни мерки. Од овој фонд ќе се финансира надградбата на веќе постоечките автобуси за да се намали загадувањето. Законот е дел од предлог мерките за намалувањето на емисијата на CO2 и за намалување на загадувањето.

Британскиот Министер за транспорт најави дека 10 години подоцна, до 2040 година, сообраќајот во Велика Британија ќе биде со 0-емисија од возила.

Секако 2040 е далеку, па не е изненадување што дел од пратениците бараат акција побрзо. Либерал-Демократите бараат забраната да се забрза до 2025 година. Greenpeace е на исто мислење, додавајќи дека со ваков план ќе биде многу тешко брзо да се намали загадувањето.

Во Лондон кој е еден од најзагадените градови во Велика Британија, поради лошиот квалитет на воздухот секоја година умираат помеѓу 23.000 и 40.000 жители.

Изгледа неверојатно, но Велика Британија и Франција со овој план се далеку зад Индија, која најавува забрана на возила со внатрешно согорување со 2030 година. Очекувано, лидер е Норвешка која најави дека од 2025 година кај нив ќе може да се купат единствено електрични возила.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk