Face2Face е луда технологија која ќе направи да се сомневаме дури и во она што го гледаме. Со помош на вештачката интелигенција Face2Face може да го промени говорот заедно со отворањето на устата.
Технологијата е дело на тим научници од Стенфорд, а технологијата помалку потсетува на дигитален куклен театар. „Кукларот“ во овој случај седи пред камера и зборува, а технологијата му дава сосем нов лик. Во време кога лажните вести се сериозен проблем, ова ќе биде навистина интересна технологија.
Со помош на вештачка интелигенција, технологијата го анализира говорот и го претвора во различни положба на устата. Дополнително, друг алгоритам се користи за прилагодување на говорот, па тој звучи како и човекот од видеото.
Ако ова не е доволно импресивно, Face2Face може да ја направи оваа промена и во реално време. Така ако еден човек седи и зборува, ликот на „екранот“ ќе го имитира заедно со гримасите. Face2Face не е ниту премногу пребирлив кога технологијата е во прашање, па како влезен сензор може да се користи и обична веб-камера.
Можностите на технологијата се презентирани преку неколку видеа на Џорџ Буш, Доналд Трамп, Барак Обама и Владимир Путин. Технологијата на крај речиси нерално синтетизира звук и слика. За среќа барем засега може да се забележат мали недостатоци
Дури и со финалната верзија ќе има недостатоци по кои ќе може да се забележи дали видеото е фалсификат. Времето на звукот и на видеото не е идентично. Дополнително, како и со Photoshop фалсификати, ќе може да се забележат недостатоците. Сепак, во време кога се поголем е бројот на луѓе кои не гледаат подалеку од насловите, ова може да биде сериозен проблем.
Ако се обидувате да пронајдете која од сликите на Обама на кавер сликата е вистинска, еве мала помош: „Ниту една, двете се изработени со софтверот“.







