Апликација што ги препознава комарците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Свет

Камерите и микрофоните на паметните телефони станаа толку добри што овозможуваат поширока примена од првично замислената. Микрофонот на телефонот е доволно чувствителен да може да направи разлика и по зуењето да го препознае комарецот што лета.

Апликација, создадена од група студенти кои ја нарекуваат „Shazam за комарци“ може по зуењето да ги препознае комарците кои се преносители на зика вирусот и на нилска треска. Дури и постарите телефони кои се почесто во употреба во државите во развој се доволно чувствителни да ја направат разликата.

За регистрирање е доволен звук од половина секунда. Апликацијата може да го филтрира звукот на околината и да направи разлика. Но апликацијата има уште функција. Фреквенцијата на зуењето зависи и од температурата, влажноста на воздухот, дали комарецот е нахранет, но и староста на комарецот. Зуењето комарците го користат за да си пронајдат партнер за размножување.

Засега станува збор за проект кој единствено е доказ на концепт. Сепак креаторите на апликацијата се надеваат дека во иднина ќе можат да ја користат апликацијата за да креираат мапа за распространетоста на разните видови на комарци. За ова ќе биде доволна апликација и GPS од телефонот. Сега овој метод се користи лов на комарци, а потоа би следело рачно пребројување на различните видови, објави New York Times.

Можностите на телефоните кои имаат сѐ подобри перформанси во медицината или на терен последниве неколку години се во пораст. Камерата на iPhone веќе неколку генерации е доволно моќна да го замени микроскопот за детектирање на некои паразити. Во Танзанија токму iPhone е еден од уредите што се користи за детектирање на цревни паразити.

Сепак можеби најинтересен проект е, технологијата која на TED ја претстави Жорге Сото. Камерата на телефонот е доволно прецизна, а процесорот е доволно моќен за да може да се детектираат неколку типови на рак.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] прочитај повеќе на… […]