KidRex – Безбеден пребарувач за вашите деца

KidRex е корисна алатка доколку сакате да пробате да ги заштитите децата од непријатната страна на интернетот. Енџинот е заснован на Google Custom Search и, како таков, ја има имплементирано технологијата Google SafeSearch. Тоа значи дека сајтови со експлицитни, насилни или сексуални содржини нема да бидат прикажани на децата. Филтерот на Google проверува клучни зборови, фрази и линкови за да проба да го елиминира несоодветниот материјал.

KidRex оди еден чекор понапред и покрај влијанието на Google SafeSearch имаат дополнителна датабаза од несоодветни сајтови и клучни зборови. Во случај да најдете одреден сајт кој не е соодветен за изложување на младите умови, можете да поставите барање до сајтот да не се прикажува. За инструкции како да го поставите сајтот како главна страна, кликнете тука, а за корисни совети за онлајн безбедност – тука! Од советите дадени од Kidrex, на кратко и самите би ги сумирале:

untitled

  • Компјутерот да е на видливо место за да имате увид во активностите на децата
  • Имајте увид какви сајтови посетуваат децата така што ја проверувате прелистувачката историја
  • Информирајте ги за опасностите на интернет и чекорите кои треба тие самите да ги преземат
  • Да не ги кажуваат лозинките и да не кликнуваат на опцијата за автоматско помнење лозинки, особено кога се на јавни компјутери
  • Сите луѓе се странци и не треба да се договараат за лични состаноци
  • Одговорно да се комуницира и ако нешто не се кажува лице-во-лице, да не се кажува ни онлајн
  • Да се зема сè со резерва. Ако нешто е онлајн не значи дека има вистина во тоа

Во случај да барате интернет пребарувач наменет за вашите деца, ви ја препорачуваме едноставната убавина на Thinga!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments