Сигурно имате неколку контакти со кои контактирате најчесто и сакате да ги повикате или да им пишете SMS порака што е можно побрзо и без многу тапкање по екранот. Со цел да се намали целиот тој процес на пребарување низ контакт листата, Кирил Соколов ја разви Speedy Dial.
Speedy Dial е апликација која ви овозможува да изберете максимум 10 контакти (во Pro верзијата можете колку сакате) со кои најмногу контактирате и истите да ги повикувате само со еден клик. Секој контакт може да биде со посебен стил, односно боја, па дури нема ни да има потреба да ги читате имињата, со оглед на тоа што вие самите ќе си изберете посебна боја за секој контакт.
Исто така, Speedy Dial нуди и додавање на виџет на некој од вашите екрани, со што уште толку би се убрзал процесот на повикување на некој. Само ќе треба да го отклучите вашиот телефон, да излизгате до екранот каде што ви е поставен повикувачот и да ја изберете личноста што сакате да ја повикате.
На Google Play маркетот се достапни и двете верзии, бесплатна и Pro верзија која можете да ја купите по цена од 1.24 долари.
[youtube]6iOc4qIGG5k[/youtube]







