0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2012

Game of Thrones е најпиратираната телевизиска серија за 2012

Game of Thrones е најпопуларната најпиратираната телевизиска серија за 2012 година, вели TorrentFreak. Серијата е симната во нешто над 4.280.000 илегални копии, што е малку повеќе од публиката која ја имала серијата во САД. Ланската најпиратирана серија беше Dexter.

Очекувано, најголемото пиратирање, скоро 80 отсто, се случува надвор од САД. Една причина за ова е што овие серии имаат свои премиери во САД, па по некое време, често недели и месеци доаѓаат и во другите земји. Во времето на друштвените мрежи, малку фали да се загрее атмосферата и да се популаризира содржина, па љубителите единствено на ум им е како да ја најдат својата омилена серија што е можно побрзо. Дури и ако сакаат да платат да гледаат серии, фановите најчесто немаат кому да му платат бидејќи сериите ги нема онлајн или пак треба да се чека за дигитални верзии.

Затоа пиратеријата е примамливо решение, но и идеја за сите идни стартапи и бизниси да го најдат „следното големо нешто“. TorrentFreak пишува дека ако HBO или некој друг најде бизнис решение кое ќе ги направи своите содржини достапни глобално во исто време, нудејќи им да корисниците да конзумираат серии кога сакаат и каде сакаат, тогаш пиратеријата ќе се намали.

Според сајтот, годинава е забележан мал пораст во симнување преку Bittorrent клиенти.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top