Nokia во 2013 година ќе го претстави својот прв Windows RT таблет компјутер кој ќе биде конкурент на 10,1-инчниот Microsoft Surface. Очекувањата се дека Nokia ќе го презентира таблетот на Mobile World Congress 25-28 февруари во Барселона.
Таблет компјутерот на Nokia доаѓа со HDMI и USB портoви, и слично како Surface и таблет комјутерот од Nokia ќе има прекривка во која ќе биде интегрирана тастатурата и потпора, но и дополнителна батерија. јавува The Verge. Докот доаѓа со дополнителни USB портови кој овозможуваат дополнителна конективност. Батеријата ќе трае 10 часа и има опција за брзо полнење, со која за кусо време ќе може да ја наполни батеријата до 50 отсто.
Според информации на CNET во првата нарачка Nokia ќе достави околу 200.000 уреди, а таблет компјутерот го изработуваат во соработка со Compal Electronic. Новиот таблет од Nokia заедно со најавениот таблет од HTC, би требало да го зголемат бројот на Windows 8 и Windows RT уреди од најразлични производители, и да ја загреат битката за доминација на мобилниот пазар.