0 коментари 1 мин. читање 4 декември, 2015

Aпликација на денот: Со Cardboard Camera ќе може да си направите ваша виртуелна реалност

Google објави нова апликација која служи како додаток за Google Cardboard, малиот картон кој го претвора вашиот телефон во уред за виртуелна реалност за само 150 денари. Апликацијата е додаток на картонот, но е фантастична бидејќи сега може да си креирате ваши VR фотографии.

Најпрво треба да направите фотографија. Со оглед на тоа дека станува збор за виртуелна реалност, фотографијата треба да биде 360-степени. Како и за повеќето панорамски фотографии ова се прави со фотографирање и вртење на телефонот. По ова, апликацијата ги прилагодува сликите за да се добие 3Д симулација на виртуелна реалност. Апликацијата доаѓа во периодот пред новогодишните празници, па корисниците ќе можат да го овековечат спомените од оваа година во 3Д.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top