1 коментар 1 мин. читање

Апликација на денот: Решавајте задачи со MathPath од CodeWell

MathPath е најновата апликација на македонскиот стартап CodeWell, која претежно е наманета за младата публика, но и за сите кои во своето слободно време сакаат да решаваат некои математички задачки. Апликацијата има два начини на играње – временско и неограничено. Разликата е во тоа што кај временското имате ограничено време, а притоа и се зголемува тежината на задачите, односно качувате нивоа. Додека кај неограничено, едноставно можете колку сакате да одговарате на поставените задачи.

За играта да биде позабавна, корисниците после отклучување на одредени нивоа добиваат беџеви, а своите вештини може да ги мерат и со своите пријатели, покрај што е достапна и листа на најдобри играчи.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top