Сите популарните телефони денес имаат поголем екран од нивните претходници од пред една година. iPhone 5 има поголем 4 инчен екран, Samsung Galaxy S3 има 4,8-инчен екран, HTC One има 4,7-инчен екран итн. Во исто време таблет компјутерите стануваа се помали од 9,7-инчен iPad до 7-инчнион Google Nexus или Amazon Kindle HD. Oчигледно беше дека во индустријата каде секоја компанија со сите сили се обидува да биде пред другите, ќе се појават и хибридни уреди, пример Galaxy Note 2 со 5,5-инчен екран беше претставен како најдоброто од двата света.
Но, овие уреди се само тренд во индустријата. Тие ја претставуваат бројните можностите на технологијата да се експериментира со формата на паметните уреди. Во реалноста, овие уреди воопшто не се важни. Според фирмата за мобилна аналитика Flurry која прегледа над 200 популарни модели, телефоните со средна големина (со екран од 3,5 до 4,9 инчи) се убедливо најкористените уреди на пазарот. Дури 72 отсто од корисниците ги користат. Фаблетите, пак, со само 3 отсто заостануваат зад помалите таблет компјутери, 5 отсто, и се далеку од вистинските големи 8,5+ инчни таблет уреди.
Секако користењето на уредите зависи од разни фактори. Пример корисниците се поактивни на паметни телефони преку кои гледаат повеќе видео, додека пак таблет корисниците се почести гејмери благодарение на поголемите екрани. Овие статистики се потребни за развивачите на апликации за да ги фокусираат ресурсите за правање на апликации не само за различни платформи, туку и за различните уреди, меѓу кои, според Flurry, не треба да бидат и фаблетите кои во моментот се само „мода“.
[…] deri në 4+ inç. Për këtë shkak lirisht mundemi ti vendosim këta pajisje në kategorinë “fablet”. “Jemi të vetëdishëm për potencialin në ekranët e mëdhej për pamje më të mirë të […]