1 коментар 1 мин. читање

Погледнете го првиот трејлер од iSteve на Funny or Die

Две недели пред најавување на iSteve, саркастичниот портал Funny or Die го презентираше и првиот трејлер. Иако трејлерот е без сцени од филмот (можби една или две), сепак се чини дека, барем засега, Funny Or Die се претпазливи за да не ги налутат фановите на Apple.

Ако судиме по трејлерот филмот навистина ќе се обиде веродостајно да го прикаже Стив Џобс, но да се надеваме дека сепак ќе има комичен пристап. Барем според најавата сценариото е напишано за 3 дена, а како единствен извор е искористена Wikipedia. Интересно но се чини и дека трејлерот навистина успева да го долови Стив Џобс креирајќи аудио колаж од повеќе говори на г. Џобс.

Сепак ќе мора да почекаме две недели за да видиме што замислиле Funny or Die за овој филм лија премиера е закажана за 15 април. Уште отсега е сигурно дека со времетрање од 60-75 минути ова е нивен најголем проект, ако според ништо друго сигурно според времетраењето.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top