Апликација на денот: Исчистите ја фотографијата со Smart Eraser

во Совети

Сите досега сме имале фотографии на кои нешто ни штрчи или во позадина имаме некој непосакуван објект и не сакаме да го гледаме на нашата фотографија. Сигурно, еден од таквите е и развивачот на апликацијата Smart Eraser. Се работи за Windows Phone апликација со која лено можете да ги отстраните непосакуваните објекти, без разлика дали некој ви направил некоја чудна фаца на фотографијата или сакате да отстраните некој автомобил или дрво во позадината.

При првото стартување на апликацијата ви се пркажува чекор-по-чекор туторијал кој ќе ве воведе во опциите, но доколку ви е потребн помош, можете во било кое време да притиснете на копчето за помош. Океј, сега за да отстранете некој објект од фотографијата, отворете ја во апликацијата, зумирајте ја и можете да започнете со бришење. Smart Eraser поддржува „pinch to zoom“ гест, но за тоа ќе треба најпрво да кликнете на копчето за скалирање.

Smart Eraser има две четки – „избриши“ и „заштити“. Најдобро, најпрво е да ја искористите четката за заштита, се со цел да заштитите одредени делови од бришење. За потоа, да започнете со бришење. Исто така, апликациајта содржи и копче за враќање, што е навистина одлична можност. Откако ќе завршите со уредувањето, на Smart Eraser ќе и биде потребно малку време за да ја процесира сликата и да ви ја испорача излезната фотографија.

Smart Eraser работи на Windows Phone 7 и 8 и можете бесплатно да ја преземете од Windows Phone продавницата.

[youtube]QMWHeGsVjFA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments