Microsoft изработи и претстави прототип на тоа што изгледа дека ќе биде холодек верзија 0.5. Доколку прототоипот влезе во масовно производство без сомневање ќе го направи домашното кино далеку позабавно. Кога прв пат го видовме патентот на Microsoft кој ќе го револуционира домашниот центар за забава, изгледаше дека сепак реализацијата ќе биде оставена за иднина. Microsoft ги изненади сите и веќе го претстави прототипот на Ilumi Room на овогодинешниот CES во Лас Вегас.
Револуционерниот систем се состои од Kinect и проектор кој ги претвара сите површини во вашиот дом во екрани. Уредот со помош на Kinect ќе проектира слики на ѕидовите, столиците, масите и останатиот мабел во вашиот стан. За жал телевизорот сеуште останува во фокусот а остатокот на собата е негово проширување.
[youtube]qyLF3Gc77gM[/youtube]
Едно е јасно со проекти како Ilumi Room и iOptik, а тоа е дека домашното кино ќе биде се поинтересно во иднина.За жал барем засега нема најава кога ќе се појави во продажба. Microsoft најави дека дополнителни детали ќе објави на конференцијата за „Human Interface Computing“ во Париз.