0 коментари 2 мин. читање 26 октомври, 2015

Aпликација на денот: Duo Spheres е македонска игра која ќе ви го намали стресот

Duo Spheres е македонска видеоигра за Android која ќе ви помогне при фокусирањето, мултитаскингот и ќе ви ја зголеми отпорноста на стрес. Duo Spheres е дело на гејминг студиото на Lynx Animation, кое пред сѐ работи на анимирани филмови, но и на уште една видеоигра „Џон Вардар против галаксијата“.

„Со играта влегувате во тест кој ви го активира церебралниот кортекс и ви ја подобрува способноста да се справите со неколку работи одеднаш. Со други зборови – ве прави покоординирани колку што повеќе игратe“, велат креаторите.

Играта е едноставна, но помалку тешка за играње, иако станува полесна кога ќе се навикнете. Играчот управува со бојата на двете крајни дестинации на топчињата и со тоа им овозможува на топчињата да влезат во контејнерите, при првата грешка играта престанува и ги броите поените. Она што ретко го гледаме кај македонските игри, е храброста на тимот да креира едноставна игра и графика, кои сепак поради естетиката со која е направена играта изгледа и функционира одлично.

duosphere

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top