Прв поглед на модуларниот телефон Fairphone 2

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Хардвер

Првите модуларни телефони се веќе достапни, а можеби мало изненадување е што најинтересните не доаѓаат од Project Ara на Google, туку од Fairphone, холандски стартап. Fairphone 2 веќе ќе се испорачува од декември, по цена од 525 евра. Иако се чини превисока цена за непознат бренд, тоа што го прави телефонот интересен е можноста за надградба на хардверските елементи, што во иднина можеби ќе ја оправда високата почетна инвестиција.

Телефонот ќе може да биде надградуван и ќе има поддршка од производителот најмалку пет години, што значи дека во овој период ќе биде достапен дополнителен хардвер и надградба на софтверот. Хардверот кој е инсталиран во првиот модел е солиден, иако тешко е да се верува дека ќе остави некого без зборови. Добра вест е дека телефонот доаѓа со Android 5.1, иако најверојатно далеку подобра вест ќе беше Android 6.0. Што се однесува до хардверот, Fairphone 2 доаѓа со Snapdragon 801, 2GB RAM, 32 GB слободен простор, 8МР задна камера и 2.420 mAh батерија. Дисплејот е 5-инчен Full HD LCD, јавува Ars Technica кои имаа можност од прва рака да се запознаат со телефонот.

Сепак без разлика колку е добар или лош хардверот на основниот модел на телефонот, нема да биде клучен за успехот на Fairphone. Она што ќе биде клучно се додатните модули кои ќе бидат достапни со телефонот. За сега нема податок за компoнентите на Fairpoint 2, но доколку се со слична цена како преходникот, тогаш може да очекуваме батеријата да чини околу 18 евра, дисплејот 71 еврa, а матичната плоча 118 евра. Тимот на Ars Technica вели дека расклопувањето на телефонот до основните модули е едноставно и брзо, како што може да видите во видеото во кое е презентирано расклопувањето за три минути.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk