0 коментари 1 мин. читање

Aпликација на денот: Во Македонија е врело!, вели апликација за најава на топлотни бранови

Македонија е во жолтата фаза, предупредуваат властите и Android апликацијата Топлотни бранови, која ја користи локацијата за да информира дали регионот е зафатен од топлотен бран, со информации за нивото на опасност и совети за како да се заштитите. Апликацијата може да им користи на сите кои мораат своите дневни обврски да ги извршат под сонцето, и кои не можат да се скријат во сенка помеѓу 12 и 18 часот, посебно во најжешките летни денови. Авторот на апликацијата Мирослав Спасовски е креатор и на Студени бранови, апликација која ги најавува студентите бранови за зимно време. И на двете апликации им фали подобар дизајн, и подобро организирани совети и информации за топлотните/студените бранови за да бидат уште попрактични.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top