0 коментари 1 мин. читање 7 март, 2014

Aпликација на денот: Star Falldown е нова македонска игра за Android

На Стојан Анастасов од Кочани, ова му е трето појавување во „Апликација на денот“. Првото беше пред една година кога пишувавме за неговата апликација Mobile Network Diary со која може да се следат тарифите на трите мобилни оператори, и која беше еден од финалистите на натпреварот за аплкации на АЕК; второто беше со Color Mania Spree играта со погаѓање на бои; а сега пишуваме за неговата нова игра, исто за Android.

Се работи за Star Falldown, игра која Стојан, фриленсер на elance.com, ја започна во пред осум месеци како дел од дипломската работа на Факултет за Инфроматика во Штип. Изработена е во AndEngine, графиката и програмирање се негови, а музиката е креирана од Пол Г. Лукс кој моментално се волонтери во здружението „Павел Шатев“ во Кочани. Тоа што е интересно со играта е што, иако таа е бесплатна, сепак Стојан ќе се обиде да заработи преку микротрансакциите. Не очекува кој-знае колкава заработка, но ако некој сака да игра без реклами или со бонуси ќе може да си плати.

[youtube]QWVIEgchT90[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top