0 коментари 2 мин. читање 4 август, 2014

Апликација на денот: Следете ги во живо гужвите на граничните премини со вашиот Android

JPDP Kameri е нова македонска апликација, креирана од Даниел Радески, која ги собира сите фидови од панорамските камери поставени на граничните премини и патарините во Македонија. Видеото во живо доаѓа преку камерите на Јавното претпријатие за државни патишта.

Тоа што ја прави „апликација на денот“ е што е корисна ако патувате надвор од државата на одмор, и може да процените на кој граничен премин има најмалку гужва; и тоа што апликацијата има и калкулатор за растојанието помеѓу градовите и информации за моменталната состојба на патиштата, па ќе биде корисна и во зимските денови. Eдинствен проблем на апликацијата е што видеото бара брз интернет кој се губи кога ќе излезете на патиштата, па планирањето на патот ќе мора да го правите од места каде фаќате 3G сигнал.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}