0 коментари 2 мин. читање 4 август, 2014

Flappy Birds се врати со мултиплеер опција

Една од најпопуларните игри оваа година Flappy Bird повторно се враќа на мобилните уреди, но не на Google Play или App Store, туку на Amazon Appstore, јави Polygon. Со ова креаторот на популарната игра, Донг Нгуен, го испочитува ветувањето кое им го даде на фановите дека повторно ќе можат да ја играат Flappy Bird; која овојпат доаѓа како Glappy Bird Family и има мултиплеер опција.

Овој пат „пилињата“ ќе дадат и дефинитивен одговор на прашањето „кој е подобар вие или пријателите?“, бидејќи играта доаѓа со можност да за истовремено играње на двајца. За жал играта е достапна едниствено но Amazon Fire TV, а новата верзија доаѓа и со повеќе препреки, но на радост на љубителите сè уште е многу тешка.

Креаторот на играта Виетнамецот Донг Нгуен ќе биде запомнет и по тоа што ја тргна играта од App Store и покрај тоа што во тоа време му носеше 55.000 дневно од милионите играчи кои играа. Ова беше дочекано со разочарување од љубителите на играта, но малку по излегувањето најпопуларните продавници на апликации бeа преплавени со копии на Flappy Bird.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}