0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Продолжението на Flappy Bird сега е достапно за iOS и Android

Swing Copters e втората игра на Донг Нгијен, дваесет и осум годишник од Виетнам кој стана светски познат девелопер со својата Flappy Bird, игра која доби култен статус и стотици копии. Како и претходникот, така и Swing Copters е екстремно тешка игра. Дизајнирана е слично, со таа разлика што сега се движите вертикално со хеликоптерот, наместо хоризонтално со птицата. Toa што ја прави играта да биде максимално тешка е контролата на играта – едно тапкање го задвижува хеликоптерот на една страна, второ тапкање го движи на друга, што иако звучи едноставно, сепак е тешко да се совлада. Како и Flappy Bird, така и Swing Copters е бесплатна игра за iOS и Android, но ако сакате да ја играте без реклами ќе треба да платите еден долар.

[youtube]wuoCeze0B3c[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top