LG ќе и конкурира на Motorola со заоблен паметен часовник

Корејската компанија LG следната недела треба да претстави кружен часовник и ќе бидат втор производител со ваков паметен часовник по Motorola. Според најавата, првата прилика да го видиме новиот часовник од LG ќе биде на IFA 2014 во Берлин.

Според првите податоци LG најави дека часовникот ќе се вика LG R-Watch. Дел од луѓето кои ја изгледаа најавата забележаа дека на двапати LG го напаѓа Moto 360. Станува збор за „For a perfect circle“ (за совршен круг) и „Fill the gap“ (пополни го празниот простор) кој се чини дека се наменети за црната линија која се наоѓа на долниот дел на Moto 360.

Очекувањата се дека LG ќе го претстави часовникот само неколку часа по официјалното претставување на Motorola. IFA 2014 ќе биде вистински извор на нови паметни часовници ASUS ќе има најава за својот часовник, а не се исклучени презентации на HTC и Samsung, јави Engadget.

[youtube]1STW7LQXONo[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments