Како името да не е доволно чудно, долгите линии во разни бои на UUUU на прв поглед ќе ве збунат. Но, играта вреди. Оваа сложувалка, креирана од Нина Георгиева и Дамјан Цветков-Димитров, не е интересна само затоа што има модерен дизајн, бидејќи е една од ретките македонски апликации кои отстапуваат од шаблонот. Оригинална е, пред се. И сега, сега може да ја играте бесплатно.
„Имавме идеја играта воопшто да нема текст, да е пристапна за сите, од сите јазични подрачја, и дури за луѓе што не знаат да читаат. Затоа изборот на кои симболи како ќе ги дизајнираме беше многу важен“, вели Дамјан, во претходно интервју.
UUUU започнува како четири линии со случајни симболи. Но, тие линии паѓаат, и штом го покријат екранот играта завршува. Клучот е да ги спречите користејќи ги симболите. Играта е процедурална и секој пат е различна, дури и менито е различно по секоја игра. Има многу бои, што се разбира, бидејќи тоа беше ветено од креаторите, бидејќи „текстот е здодевен… и забранета за монохроматичните животни како панди, зебри и пингвини“.
Disclaimer: Иако Дамјан и Нина се поранешни автори на IT.com.mk, овој текст не е реклама. Апликацијата ја направија по нивниот ангажман тука, и искрено верувам дека е една од покреативните македонски апликации.









zasto ja name za andrdoid
Интересна игричка, но имам неколку прибелешки до авторите:
– Зашто се вика "UUUU for iPhone" кога всушност е Universal App и јас искрено на iPad ја играв;
– Oчигледно некои проблеми со layout-от на iPad, бидејќи добивам неискористен простор од десно, што може да се реши у некоја следна верзија според мене;
– Неможе да се игра со multitouch што сметам дека мора да се овозможи;
– Се случува да се укочи звукот;