0 коментари 1 мин. читање 9 април, 2015

Дури 75 отсто од рекламите на друштвени мрежи се објавени на Facebook

Друштвeното рекламирање во 2014 година порасна за 41 отсто, а на крајот на годината беше забележана заработка од 15,3 милијарди долари. Не изненадува дека листата ја предводи Facebook, но изненадуваат 75 отсто од пазарот за кој е заслужна најголемата друштвена мрежа.

Facebook лани инкасира дури 11,4 милијарди долари. Второто место е за Twitter со 1,2 милијарди долари и 8 отсто од вкупниот пазар. За оваа година се очекува пазарот да порасне на 19,8 милијарди долари, а веќе во 2016 година се очекува зголемување до 24,2 милијарди долари, пренесува Marketing Land.

Анализата на пазарот ја направи Strategy Analytics и интересно е дека според пазарите најголем дел 46 отсто корисници се од регионот Азија-Пацифик, каде Facebook речиси и нема удел. Сепак од САД и Европа доаѓаат најголем дел од парите, над 6 милијарди долари, или 41 отсто, од парите доаѓа од САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top