Апликација на денот: Go сака да биде македонска алтернатива на Foursquare

Go е нова македонска Android апликација изработена од TeamWe, oдносно од студентите на ФИНКИ, Игор Петровски и Петре Петров. Gо e локациска aпликација која ги покажува настаните кои се најблиску до вас. Може да се каже дека Go во идејата потсетува на локален Foursquare така што ви помага да најдете куп настани според предлози од пријателите или луѓето што ги следите. Има и опција за чекирања од места и објавување на фотографии, а вклучени се и опции како Places што овозможува да откриете различни локации во близина, и Near Me што овозможува да разгледате фотографии во кои се сликани во близна на корисникот.

Go може да биде интересна апликација за студентите кои доаѓаат во Скопје бидејќи им нуди поврзување со други корисници, и се користи како водич низ градот што информира каде и што се случува. Но, за да функционира апликацијата како што треба ќе треба да има доволен број на корисници што ќе ја користат Go, наместо популарниот Foursquare или други апликации за откривање локации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments