Историја на македонскиот интернет

(Ова е гостински пост на Иван Петрушевски, основач на хостинг компанијата MKхост. Постот е првично објавен на блогот на МКхост, и реобјавен со дозвола)

Интернетот денес претставува многу повеќе од систем на компјутерски мрежи кои го поврзуваат целиот свет со цел разменување на податоци и информации. Интернетот денес, освен за неговата првична намена, се претвори во место за едукација и забава, ја олесни комуникацијата во општеството, овозможи формирање на дигитален пазар кој со секоја измината година генерира сѐ поголем број на приходи, односно најкратко кажано, го промени од корен начинот на водење на секојдневниот живот. И населението во нашата држава ги користи бенефициите на глобалната мрежа.

Последните податоци покажуваат дека во Република Македонија пенетрацијата на интернет корисници е над 60 отсто, а според Програмата за развој на информатичкото општество на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), зацртана е цел над 80% од македонското население да има пристап до широкопојасен интернет, ставен е фокус на зголемување на онлајн трговијата и стимулирање на електронските бизниси, како и зголемување на електронските јавни услуги и намалување на цените за роаминг.

Но, каде е почетокот на Интернет приказната?

Во светски рамки, познато е дека Интернетот како што го знаеме денес потекнува од 60-тите години со мрежата на Американското министерство за одбрана (ARPA) – ARPANET, а за официјален почеток се смета создавањето на TCP/IP протоколот за комуницирање на долги растојанија во 1983-та година. Комерцијалната употреба се овозможува со создавањето на сервисот „светска пајажина“ (world wide web – WWW) и започнува со голема експанзија во средината на 90-тите години.

Кога станува збор за историјатот на Интернетот во Македонија, информациите до кои може јавно да се дојде се прилично ограничени и недоволно познати, и покрај тоа што имаат големо значење за јавноста. Пред неколку години, IT.com.mk направи истражување околу овој проблем.

Според дигиталната интернет архива на Wayback Machine, најстар зачуван веб-простор на македонски јазик е корпоративниот сајт на некогашните „Македонски пошти и телекомуникации“ (МПТ). Токму на овој сајт може да се најдат прилично ретки и интересни информации околу Интернетот во Македонија.

Основа за развојот на Интернетот кај нас, како и на други комуникациски сервиси претставува Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети (МАКПАК), изградена токму од МПТ (претходно позната како ПТТ Македонија) и која овозможувала поврзување на компјутерска и терминалска опрема. МАКПАК бил изграден со мрежниот систем за поврзување DPN-100 на Northern Telecom (Nortel Networks), како и Motorola Codex модемите. Поддржувал повеќе протоколи, како ITU-T, IBM, API и T3 POS. Некои од сервисите кои ги овозможувал вклучувале бази на податоци, виртуелни приватни мрежи, клиент-сервер системи, верификација на кредитни картички, Интернет сервиси и слични, а кои се од големо значење за бизнис клиентите.

Гледајќи ги ефектите во светски рамки како последица на развојот на Интернетот во почетокот на 90-тите, ПТТ Македонија во почетокот на 1995-та одлучила да го преземе чекорот за поврзување на Интернет, со што ги започнала соодветните подготовки. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, официјално комерцијалниот Интернет во Македонија преку dial-up пристап започнал на 7-ми декември 1995-та. Околу опремата за поврзување, ПТТ Македонија користела рутери од Cisco Systems, серверска опрема од Digital Equipment Corporation, модеми од Motorola и конверторски уреди од RAD Data Communications.

Интернетот во тој период генерално се користи од македонските јавни и образовни институции, за со комерцијализацијата да се приклучат и првите фирми кои нуделе Интернет услуги, како и поголемите компании. Околу почетокот на новиот милениум, се појавуваат и првите македонски комерцијални портали, со што се создаваат услови за развој на интернет маркетингот и кај нас.

Во средината на 2000-тите дотогашниот стандарден dial-up пристап полека почнал да се потиснува со појавувањето на широкопојасниот Интернет и новите можности како DSL или кабелскиот Интернет. Воведот во новите технологии овозможува драстичен пад на цените за широка потрошувачка и се поголема пенетрација во македонските домаќинства.

Се чини дека во денешно време, најголем предизвик на македонскиот Интернет пазар е развој на е-трговијата. Според извештајот на UNICTAD, само 5,4% од населението купува онлајн, додека според сите услови, овој број треба да биде далеку поголем. МИОА го става фокусот на зголемување на е-трговијата на 33%. Оваа област не само што може да влијае на економскиот раст на Македонија, туку во исто време го иницира и претприемништвото, го поттикнува пазарот на понуда и побарувачка и истовремено е од голема корист за населението.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Dejan
Dejan
1 year ago

Imase lokalen internet povrzan so Evropska mreza koja pak bese povrzana so Americkata uste 1989 .Bese prekinat vo 1991-92. Vo 1992 koga dojdoa mirovnicite kaj Nas t.e Amerite vospostavija nova konekcija preku Grcija I Italija. Vo 1994 Unet pocna da raboti kaj Nas.Svetskata mreza sto ja znaeme denes pocna da funkcionira vo 1996.Makedonija bese vednas konektirana t.e povrzana.

trackback

[…] Историја на македонскиот интернет […]

Igor
Igor
9 years ago

Се гледа дека истражувањето е направено лаички. Прв провајдер на интернет услуги беше Унет кој го донесе интернетот во Македонија во 1994г. Беше скап, спор но се радувавме повеќе отколку денешните клинци на фејсбук

види ги сите огласи на kariera.it.mk