2 коментари 2 мин. читање 14 април, 2014

Не ви треба портфолио, ако имате Instagram профил може да најдете креативна работа

Освен што се објавуваат фотографии од секојдневни инспирации, Instagram станува замена за портфолиото, место каде што маркетинг агенциите можат да го најдат вистинскиот креативен талент. Импресивниот портфолио не е веќе доволно бидејќи како и секое резиме се базира на само најдобрите изберени моменти од кариерата, додека на профилот на Instagram може да се запознае личноста.

Пример за ова, како што пишува Fast Company, е Хана Перине Мод која добила работа само поради своите дневни цртежи кои ги објавувала на Instagram. Овие цртежи, тагирани како #drowingaday, им се толку многу допаднале на Shellhammer co. што решиле да ја ангажираат како креативен менаџер и дизајнер. Покрај илустрациите, предноста на Instagram е што работодавачите можат да ја запознаат личноста и преку личните фотографии кои се објавуваат на фотографии, пример слики од плажа, слики од дома, слики од патувања, кои им покажуваат дека „ако е кул личност, тогаш сигурно е кул да се работи со неа“, пишува Fast Company. Што се однесува до г-ѓа. Мод, таа вели дека онлајн присуството и е важно бидејќи привлекува и други клиенти за фриленс работа.

„Instagram ми навистина помогна бидејќи ме контактираат еден куп луѓе поради тоа [#drawingaday] проект. Дури и ако е пријател на пријател, тоа што ми го посетуваат профилот на Instagram е еден одличен начин да видат која сум како личност, кои ми се инспирациите и некои основни илустрации и цртежи што можат да го дополнат мојот сајт“, вели таа за Business Insider. „Иако не планирав да го користам на овој начин за да добијам работа, сепак резултатите се одлични“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
developer
developer
12 years ago

Имате грешка во насловот "потфолио" -> "портфолио"

Мени
Заедница
Изглед
To top