Cubly 3D е нова игра, која за разлика од повеќето македонски игри, е малку поинтересно направена од независното студио CL.mk. Ова им е прва игра чиј гејмплеј е едноставен, бидејќи сепак се работи за аркадна игра наменета за мобилен. Вие сте чудна воинствена коцка која треба да уништи што е можно повеќе мети. Колку повеќе уништувате, така добивате повеќе поени и „power-ups”. Механиката можеби ќе ве потсети на популарната Fruit Ninja, но тоа воопшто не е лошо бидејќи може да биде заразна игра.
Достапна е во моментов само за Android, но има најави дека ќе има и iOS и Windows Phone верзија.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.