Google Play наскоро ќе започне повеќе да наликува на App Store на Apple, но не во изгледот, туку во механиката на како се објавуваат апликации. Google најави дека издавање на апликаци ќе подлежи на внатрешна контрола од тим на Google пред нивно објавување на продавницата. Ова е промена на праксата на Google, бидеќи до сега девелоперите можеа веднаш да ги издадат звоите апликации на Google Play, без никакво одобрување.
Стратегијата на Google со раниот Android беше да привлече што е можно повеќе апликации за да го стигне App Store, но тоа само придонесе да има куп спам апликации, лажни и фалсификати, или апсолутно ужасни апликации кои само го нарушуваат корисничкото искуство и креираа лоша конкуренција помеќу развивачите. Додека Google одеше на квантитет, Apple нудеше квалитетни апликации бидејќи сите апликации за App Store мора да поминат одредени стандарди. Затоа Google ја променува стратегијата.
„Започнавме да ги прегледуваме сите апликации и игри, пред да бидад издадени, оваа функционалност сега е потпоно применета“, вели Пурнима Кочикар, директор на бизнис развој за Google.
Заедно со ова Google најави дека за САД наскоро ќе започнат и рангирање на апликациите според соодветноста за возраста на корисниците. За сега нема најава за префрлање на оваа функционалност во останатите држави, иако не е исклучено дека на Google му е потребно повеќе време за усогласување со законите во останатите држави.
На имплементација на внатрешната проверка на апликациите Google работи повеќе од половина година, а се надеваат дека сега ќе можат порано да ги пресретнат издавачите на апликации кои не ги почитуваат правилата за користење и објавување на апликации на Google Play, јави TechCrunch.







