Електричниот пикап Rivian R1T ѕвезда на саемот за возила во Њујорк

во Вести

Веројатно надвор од САД пикап камионет никогаш нема да ја има популарноста на автомобилите, но во  САД приказната е поинаква. Популарноста на пикап возилата, но и  квалитетот на Rivian R1T го направија возилото едно од најдобрите на саемот за возила.

Возилото е изработено од стартап базиран во Мичиген, Илиноис. Делот за производство на батерии и автономија е одделен и се наоѓа во Калифорнија. Ова е првото возило на стартапот кој само што излегува од „сенка“ и можеби и затоа сите сме малку повеќе импресионирани од возилото. И иако стартапот е нов секако не е анонимен. Пред неколку месеци, во февруари, Amazon инвестираше 700 милиони долари во него.

Возилото без сомневање е нешто пофутуристичко отколку што сме навикнале да видиме во оваа класа. Најголема предност е што возилото има електричен мотор кој е помал од традиционалниот мотор на бензин и нафта, па има простор за уште повеќе работи за транспорт.

Цената на возилото започнува од 61 500 долари, а ќе има и поексклузивни модели. Всушност компанијата го следи примерот на Tesla кои започнаа со ексклузивните модели, а работеа на поевтините возила. Први во продажба излегуваат возилата со 180 kWh и 135 kWh батерии. Основната верзија на возилото доаѓа подоцна, а помеѓу полнењата може да помине 400 километри.

Покрај пикапот R1T компанијата ќе произведува R1S теренско возило со ист или барем многу сличен дизајн како и пикапот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk