Американската војска направи паметен куршум кој менува правец

во Свет

Американската војска работи на паметно оружје и куршуми кои откако ќе бидат испукани можат да го променат правецот, а со тоа и делумно да ја следат целта. The Extreme Accuracy Tasked Ordinance или EXACTO има цел да ја зголеми ефикасноста на снајперите и безбедноста на војниците со тоа што ќе им овозможи да делуваат од поголемо растојание и ќе се намали и времето на напад врз непријателските трупи.

Станува збор за куршум со калибар .50 кои се развива под покровителство на DARPA и прв паметен проектил со помал калибар. Технологија е во развој веќе пет години, а сега влегува во втора фаза на тестирање. Информациите велат дека EXACTO може прецизно да погодува на рестојание од 2 километри, а куршумот во текот на летот може да компензира за промените во најразлични непредвидени фактори како на пример промена на ветерот.

„Технолошкиот развој во втора фаза го вклучува дизајнот, интеграцијата и демонстрација на аеро-задвижувачите, напојувањето, системот за оптичко наведување и сензорите. Следната фаза вклучува level-five тестови и рафинирање на технологијата за да се подобрат перформансите“, извести DARPA на својот сајт.

Засега нема информации за тоа како се придвижува куршумот во текот на летот, како и како се следи целта, а на видеото движењето на куршумот изгледа како нешто што сме го виделе во фантастичните серии и филмови.

[youtube]vX8Z2MDYX3g[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Александар
Александар
11 years ago

Основниот начин на движење на тело што ротира низ флуид е со промена на моментот на ротација.
Тоа е начинот на кој вселенските капсули маневрираат додека влегуваат во атмосферата, а како што знаеме немаат крилца за маневррање.

Значи концептот е доста познат и проучен а моментот на ротација најлесно се менува со промена на распределбата на масата што кај калибар од 50мм има и те како простор да се изработи имајќи во предвид дека куршими од овој калибар веќе подолго време демонстрираат паметни особини.