Најпопуларната онлајн архива Internet Archive е пред мулти-милионска тужба. Музичките издавачи, помеѓу кои се Universal Music Group и Sony Music Entertainment сметаат дека авторските права кои ги поседуваат се нарушени. Издавачите сметаат дека поради активностите на архивата се оштетени за 412 милиони американски долари.
Причина за тужбата е „Great 78 Project“ на Internet Archive. Станува збор за проект кој е во соработка со Boston Public Library и со кој беше архивирана музика. Организациите прибираа донации од 78-rpm плочи кои потоа ги дигитализираа. Најголем дел од изданијата се издадени на почетокот на минатиот век, од 1900-та до 1950-та година. Целта е да се зачуваат овие изданија и да бидат достапни и за следните генерации. На Internet Archive се достапни 400 000 архивирани музички изданија, пренесе Reuters.
Првичната цел која си ја поставија авторите беше 500 000 песни од периодот од 1880 до 1960 година. Тимот кој работеше на дигитализација во просек обработуваше од 5000 до 6000 музички изданија месечно. Најголем дел од албумите се донации од приватни колекции, или изданија кои претходно биле донирани во библиотеки.
Во тужбата архивирани се обвинува за нарушени авторски права на 2749 изданија. Дел од песните се „White Christmas“ од Бинг Крозби, „Roll Over Beethoven“ од Чак Бери и „It Don’t Mean a Thing“ од Дјук Елингтон. Покрај овие, дел од спорните изданија се дело на Френк Синатра, Ела Фицџералд, Мајлс Дејвис и Били Холидеј.
Архивирањето на овие изданија започна во 2017-та година. Најголем дел од изданијата кои се архивирани се џез, кантри, фолк, блуз. Уште во првите неколку месеци беа дигитализирани над 50 000 музички изданија. Музиката е префрлена заедно со препознатливиот звук на грамофонските плочи, па може да се препознаат препознатливите пуцкања и кликнувања карактеристични за плочите.
Ова не е прва тужба за Internet Archive. Неодамна Судот во Менхетен пресуди во корист на издавачите на книги кои слично како и музичките издавачи го тужеа сервисот за нарушување на авторските права.
Капиталистички глупости. Постоењето и работата на The Internet Archive е од монументално и чисто алтруитстичко значење. Никој не заработува од зачуваната музика или книги во Internet Archive, а добивка има целото човештво додека постои човештвото (односно додека постои The Internet Archive)