Aмериканската FTC сака да ги регулира спонзорираните содржини и native advertising

во Веб, Свет

Aмериканската федералната комисија за трговија (FTC) работи на правилник кој ќе регулира до каде може да се оди со рекламите на интернет, пред тие да станат измама. Станува збор за регулирање на новиот метод на рекламирање преку спонзорирани текстови, таканаречен – native advertising.

Native advertising e платена содржина, т.е. рекламни и ПР текстови кои тешко се разликуваат од останатите содржини. Оваа пракса е доста ефективна, посебно кога корисниците се навикнаа да користат алатки како AdBlock за блокирање на банери. Во неа спаѓа и она што се нарекува content marketing што означува дека се плаќа за креирање на содржина која не мора да биде реклама, но тука настанува забуната бидејќи сепак се работи за нарачана содржина. Meѓу најголемите американски медиуми, Gawker Media заработува 30 отсто од приходите токму од овие ПР содржини, а BuzzFeed и Vox Media имаат посебни оддели кои се задолжени да ги креираат рекламите, јави Recode.

Ваквото рекламирање ги збунува корисниците, велат од регулаторната комисија FTC кои ги третираат овие реклами како „измама“. „Без разлика кој е медиумот во кој се пренесуваат рекламите, измамата се случува кога корисниците кои дејствуваат разумно се излажани за изворот на информацијата. Ова влијае на нивната одлука во однос на производите кои се рекламираат“, стои во соопштението.

Новите правила ќе бараат од медиумите да направат јасна ознака дека станува збор за спонзорирана содржина која се разликува од останатите информативни текстови. Едно од решенијата е јасно одбележување на спонзорираните текстови кои би можеле да бидат погрешно протолкувани, иако доколку ги разгледате правилата кога би морало да се користи дополнителното одбележување, без сомневање и ќе забележите дека и во иднина ќе има злоупотреба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk